Повеќе од 270.000 Германци потпишаа петиција за забрана на пиротехнички средства

germanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 270.000 Германци потпишаа онлајн петиција со која се повикува на национална забрана за приватно користење на пиротехника, по уште една новогодишна ноќ обележана со смртни случаи и повредени. Повеќе од четвртина милион луѓе ја потпишаа петицијата од попладнево.


„До 30 декември имавме околу 90.000 потписи“, рече портпаролот на полицискиот синдикат, додавајќи дека бројката рапидно пораснала со доаѓањето на новата година. Најмалку пет лица загинаа, а неколку десетици се повредени за време на новогодишните прослави во Германија, каде за разлика од другите земји, во деновите до крајот на годината може да се купат огномети за приватни цели, јавува агенцијата „ДПА“.

„Веќе нема алтернатива на државната забрана за петарди“, објави БДП.

„Она што го доживеавме оваа година е надвор од границите на прифатливото“, додаваат од синдикатот.

„Повикуваме на сеопфатна забрана за петарди за приватна употреба, како што е случај во многу земји. Ова вклучува и соодветна забрана за продажба на сите оние кои не се професионалци во оваа област“, ​​заклучуваат тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK