Потресни сцени од Газа: 5-годишно девојче сфати дека нејзината сестра го преживеала нападот

Потресни-сцени-од-Газа-5-годишно-девојче-сфати-дека-нејзината-сестра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Би-би-си објави снимка на која се гледа повторното обединување на малите девојчиња по воздушниот напад во јужна Газа.


18-месечната Јулиа била извлечена од урнатините на уништената зграда и итно пренесена во болницата Ел-Наџар. Нејзината петгодишна сестра Жури, која исто така беше спасена од урнатините, веќе беше таму.

„Сестра моја, драга моја“, рече Жури во моментот кога сфати дека нејзината сестра преживеала.

Тие двете биле на ручек со семејството кога била бомбардирана зградата до нив. Експлозијата ја уништила куќата во која се наоѓале, рекол нивниот вујко. Девојчињата се здобиле со повреди на главата, биле преплашени и истрауматизирани, додаде тој.

Девојчињата подоцна ја напуштиле болницата со своите семејства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK