Посвоила бебе, го тепала и го убила: жена од Велика Британија 11 години бегала од законот

Посвоила-бебе-го-тепала-и-го-убила-жена-од-Велика.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Една жена е осудена на доживотен затвор за убиство на посвоената ќерка, а ќе мора да помине најмалку 17 години во затвор за да може да поднесе барање за помилување, пренесуваат медиумите во светот.


Кејти Тидмарш (39) од Гленсфилд, Велика Британија, е прогласена за виновна за убиство на својата посвоена ќерка и осудена на доживотен затвор.

Поротата ја прогласи мајката за виновна за убиство на едногодишната Руби Томпсон во август 2012 година, пишува „Дејли Мејл“.

Според полициските извештаи, бебето било толку многу претепано што повредите биле еднакви на пад од втор кат од зграда или сообраќајна несреќа со брзина од 60 метри на час. Со тежок предмет и бил скршен черепот и имала физички повреди по целото тело.

Малото девојче било прегледано во болница и било констатирано дека има две скршеници на десното рамо кои и се случиле порано, како и скршеница на раката која е неодамнешна повреда.

Итната помош го пронашла бебето во несвест, а починало во болница два дена подоцна.

Жената 11 години успешно бегала од законот, а сега откако е уапсена е осудена на доживотен затвор. Во своја одбрана, Кејти се бранеше дека бебето паднало и ја удрило главата.

За време на изрекувањето на пресудата на поротата, судијата рече дека Кејти има психички проблеми и затоа не можела да одгледа дете. Наведе и дека не го однела детето на лекар за да ги прикрие трагите на малтретирање.

„Упорно тврдевте дека ништо не и се случило на Руби тоа утро, туку дека таа паднала наназад од седечката положба на главата и ги превртела очите, па колабирала. Ние нема да го разгледаме ова. Со тоа се согласуваат сите експерти“, посочил судијата.

Тој заклучил дека Кејти ќе биде осудена за убиство, но и за обид да го прикрие злоставувањето кое Руби очигледно го доживувала подолг временски период наназад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK