Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага


princot-endrju-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.


Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.

Полицијата потврди дека Ендру бил уапсен кратко по 10:00 часот наутро во четврток, а полицајците имале 24 часа да го притворат без обвинение од моментот кога пристигнал во полициската станица.

Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.

Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.

Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK