Поранешниот израелски премиер: Иран направи ужасна грешка, Израел сега ја има најголемата можност да го промени лицето на Блискиот Исток

Screenshot-2024-10-02-171354.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет го повика Израел да дејствува против иранската нуклеарна програма, велејќи дека Иран „направил ужасна грешка“ со вчерашниот масовен ракетен напад.


„Израел сега ја има својата најголема можност во последните 50 години да го промени лицето на Блискиот Исток. Мораме да дејствуваме сега за да ја уништиме иранската нуклеарна програма, неговите централни енергетски капацитети и фатално да го осакатиме овој терористички режим.

Мораме да ја удриме главата на октоподот на теророт, кој кукавички ги испрати своите пипала (Хамас, Хезболах, Хути итн.) да не убијат, додека ајатоласите седеа безбедно во своите палати во Техеран. Октоподните пипала привремено парализирани – сега доаѓа главата“, напиша тој синоќа на X.

„Мораме да ја отстраниме оваа ужасна закана за иднината на нашите деца. Можеме да му дадеме шанса на иранскиот народ да се крене и да го исфрли режимот што ги тиранира неговите жени и ќерки. Имаме оправдување. Ги имаме алатките. Сега кога Хезболах и Хамас е парализиран, Иран разоткриен.

Во текот на изминатава ужасна година, иранските пипала ги убија нашите семејства. Ги силуваа нашите ќерки. Ги киднапираа нашите деца. Ги ограбија нашите градови. Ги запалија нашите ниви. Тие пукаа во нашите бродови. Ги тероризираа децата. Не понижија. Сега е моментот.

Нацијата на лавовите се обедини и ја докажа својата сила во текот на изминатата година. Таа копнееше за промени, акција, толку долго. Има моменти кога историјата ни тропа на врата, а ние мораме да ја отвориме. Оваа можност не треба да се пропушти“, додаде тој.

Бенет беше 13-ти премиер на Израел од јуни 2021 до јуни 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK