Поранешниот претседател на САД, Џими Картер, денеска наполни 100 години и стана првиот претседател кој го прославил тој роденден.
Картер беше претседател од 1977 до 1981 година, а во последните 19 месеци беше во болница во неговата родна држава Џорџија, пишува „Би-би-си“.
Поранешниот фармер, кој првпат влезе во политиката во 1960-тите како државен сенатор, „емотивно е ангажиран и сè уште има искуства, се смее и сака“, рече неговиот внук Џејсон во септември.
Според медиумите, овој стогодишник се уште има политички амбиции.
„Само се обидувам да гласам за (демократскиот претседателски кандидат), Камала Харис – на изборите во ноември, зборовите на Картер ги пренесе неговиот внук.