Поранешната сопруга на премиерот Трудо за првпат проговори за разводoт и нивната сегашна врска: „Толку ме болеше што морав да изберам…“

trudo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната сопруга на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи Грегоар Трудо, проговори за нивниот развод кој го шокираше светот во август 2023 година. Во едно недамнешно интервју, поранешната телевизиска водителка сподели како се справила со крајот на нејзиниот 18-годишен брак и откри детали за нивната сегашна врска.


„Научив да се справувам со неизвесноста. Научив да ги прекинувам врските и да не се врзувам премногу за животот, другите луѓе и односите“, изјавила Софи за „Телеграф“.

Како учителка по јога и медитација, таа истакнува дека практиката на саморегулација и помогнала во процесот на лекување.

Имено, Софи силно се противи на општественото гледање на бракот како успех и разводот како неуспех.

„Кога размислуваме така, не само што покажуваме емоционална незрелост, туку оставаме трауматично емотивно наследство на децата кои не треба да го поднесуваат“ нагласува таа.

И покрај разводот, Софи и Џастин одржуваат блиски односи поради децата.

„Се уште се дружиме заедно: се сакаме, поминуваме време заедно. Се е природно и тоа е во ред“, објаснува Софи.

Таа и Џастин се запознале кога биле деца – таа била училишна пријателка на неговиот помал брат. Откако нивните патишта се разделиле за време на нивните студии, тие повторно се сретнале во 2003 година кога заедно биле домаќини на хуманитарен настан. Тие се венчаа во 2005 година и добија три деца: Хавиер (17), Ела Грејс (15) и Адриен (10).

Кога Џастин Трудо стана премиер во 2014 година, Софи призна дека на почетокот и било тешко да се прилагоди на животот во центарот на вниманието. Преселбата во службената резиденција била посебен предизвик, иако таа секогаш се трудела да ја одржи нормалноста на семејниот живот.

Денес, Софи е домаќин на онлајн сесии „Дневна соба“, каде што споделува мислења и води интервјуа со експерти за ментално здравје. Таа, исто така, неодамна објави мемоари, „Поблиску заедно: Да се запознаеме себе и да се сакаме едни со други“, во кои се занимава со теми за ментално здравје и раст.

Иако разводот беше болен, што Софи го опиша со зборовите – „толку ме болеше тоа што морав да ја изберам автентичноста наместо приврзаноста“, поранешните сопружници остануваат поврзани преку заедничка љубов кон нивните деца и меѓусебно почитување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK