Поранешен пациент избол до смрт лекар на клиника: драма во Германија

germanija-ubistvo-majka-pet-deca-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

64-годишен лекар е убиен во клиниката во Васербург ам Ин, во баварскиот кварт Розенхајм, а за убиството е осомничен маж (40) кој е негов поранешен пациент.


Полицијата го уапсила осомничениот по инцидентот што се случил во понеделникот вечерта.

Според информациите до кои дојде германски „Билд“, лекарот бил избоден до смрт од поранешен пациент.

Медицинскиот персонал се обидел да му пружи прва помош на лекарот, но тој починал од повредите.

Полициската патрола по немилиот настан случајно поминувала во близина на клиниката и го забележала осомничениот со траги од крв.

Полицајците веднаш пристапиле кон апсење на осомничениот.

Според полицијата, осомничениот маж од северна Германија бил уапсен без отпор. Тој е сместен во клиника во областа Минхен и, според полицијата, сега е под постојан надзор.

Полицијата го пронашла и го одземала кујнскиот нож за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е убиен докторот.

Ангажирани се екипи за интервенција во кризи кои ќе ги згрижуваат роднините и колегите на лекарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK