Поради поплавите евакуирани 1.500 лица, се трага по две исчезнати лица во близина на градот Равена

677z381_12514415.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во италијанската провинција Емилија-Ромања, која беше погодена од поројни поплави предизвикани од обилните дождови, продолжува потрагата по две лица кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена.


Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а на сила е црвено предупредување за екстремни временски услови кои најверојатно ќе траат до вечерва, соопштија локалните власти, а пренесува „Анса“.

Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и бројни одрони, јавува Танјуг.

Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезен.

Во мај 2023 година, Емилија-Ромања беше погодена од поплави и одрони поврзани со врнежи, во кои загинаа 17 луѓе и предизвикаа штета од неколку милијарди евра.

Многу области кои беа поплавени вчера поради обилните врнежи веќе беа погодени од поплави во 2023 година.

Во меѓувреме, силен дожд го погоди и регионот Марке, особено градот Анкона, каде што се излеа реката.

Во Тоскана, северниот дел на регионот Муџело е во состојба на готовност откако вчера беа затворени неколку провинциски патишта поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK