Поради палењето примероци од Куранот, Данска ја заострува контролата на границите

palenje-kuran
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Данската полиција ги заострува граничните контроли по неодамнешните палења на Куранот што влијаеше на безбедносната ситуација, соопшти Министерството за правда, по сличната одлука која Шведска ја донесе претходно оваа недела.

Антиисламските активисти во Данска и Шведска запалија и оштетија неколку примероци од муслиманската света книга во последниве месеци, што предизвика бес во муслиманскиот свет и барања од владите да ги забранат таквите дела.


„Властите денеска заклучија дека во овој момент е неопходно да се зголеми фокусот на тоа кој влегува во Данска, за да се одговори на специфичните и моменталните закани. Засилените гранични контроли ќе стапат на сила од 10 август, се вели во соопштението на данското Министерство.

„Неодамнешното палење на Куранот, како што тврди безбедносната полиција, влијаеше на моменталната безбедносна ситуација“, рече во изјавата министерот за правда, Питер Хумелгард.

Одлуката за заострување на граничните контроли со повеќе проверки на патниците кои доаѓаат во Данска следи по сличниот потег на Шведска.

Двете влади го осудија палењето и рекоа дека размислуваат за нови закони кои би можеле да го запрат. Но, домашните критичари велат дека ваквите одлуки ќе ја поткопаат слободата на говор заштитена со нивните устави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK