Кинеската царина забрани директен и индиректен увоз на добиток и сродни производи од Полска и Хрватска поради појава на болеста син јазик, објави денеска на својата веб-страница Општата царинска управа.
Ројтерс пишува дека ова се случило откако Полска и Хрватска пријавиле случаи откриени во една полска провинција и во две хрватски окрузи до Светската организација за здравје на животните, објави во понеделникот царината, пренесува Хина.
Синиот јазик е вирусна болест која ги погодува овците, говедата, козите и другите преживари, а се шири со каснување од заразени комарци. Болеста не е опасна за луѓето.
Според претходното пишување на Хина, болеста син јазик се појавила во октомври минатата година во Холандија, а оттогаш се проширила во Белгија, Германија и Чешка.