Попречен сигналот на авионот со кој романскиот министер летал кон Литванија


depositphotos_327233276_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вршителот на должноста романски министер за одбрана Раду Мируца изјави дека GPS сигналот на авионот со кој неодамна патувал во Литванија бил попречен.


„Да, очигледно. Сигналот бил блокиран, но не мора за нашиот авион, туку за таа област. Авионот е воен, има воени уреди против блокирање, но, да, проверивме и имаше многу силно блокирање“, рече Мируца, пренесува „Digi24“.

Тој рече дека пилотите го активирале воениот навигациски систем и дека презеле заштитни мерки.

„Разгледавме каде може да се позиционира авионот, врз основа на GPS информации. Имаше цела дискусија со пилотите таму во авионот, додека се приближувавме кон Литванија“, рече Раду Мируца.

Министерот додаде дека, веројатно, повеќето авиони што минуваат низ таа област се соочуваат со истиот проблем, пренесува Танјуг.

На авион на британските кралски воздухопловни сили во кој патувал британскиот министер за одбрана Џон Хили, исто така му бил блокиран GPS сигналот за време на летот во близина на руската граница оваа недела, според „Тајмс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK