Поплави и одрони во Индонезија, загинаа 26 лица, бројот може да се зголеми

indonezija-poplavi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поплавите и свлечиштата на островот Суматра во Индонезија однесоа 26 животи, а најмалку 11 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска службите за вонредни состојби.


„11 лица се сметаат за исчезнати, а 26 загинаа“, изјави портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во областа Песисир Селатан во провинцијата Западна Суматра, принудувајќи 75.000 луѓе да побараат привремено засолниште.

Во истиот округ загинаа 23 лица, додека уште шест се водат како исчезнати, изјави шефот на локалната спасувачка служба Фајар Сукма. Уште три лица загинаа во невремето во областа Паданг Паријаман.

„Бројот на жртви може да се зголеми уште повеќе“, предупреди Сукма.

Додека дождот се уште врне, метеоролошките услови и прекинот на електричната енергија ја отежнуваат работата на спасувачките служби. Тие вчера успеаја да стигнат до најтешко погодените подрачја и да им поделат помош на евакуираните, особено шатори, лекови и храна.

Во невремето оштетени се стотици куќи, но и мостови, џамии и јавни објекти. Свлечиштата се редовна појава во Индонезија за време на сезоната на дождови, а во некои области проблемот се влошува со уништувањето на шумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK