На товарните камиони регистрирани во Русија или Белорусија ќе им биде забранет влезот во Полска, јави полската новинска агенција ПАП.
Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински вчера потпиша налог за забрана за влез на камиони од Белорусија во Полска.
Ограничувањето се однесува на камиони, трактори, приколки и полуприколки регистрирани во Белорусија или Русија и ќе стапи на сила на 1 јуни до натамошно известување, објави ПАП.