Полска купува систем за противвоздушна одбрана Патриот

patriot-protivvozdushna-odbrana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стејт департментот синоќа одобри Полска да купи американски систем за противвоздушна одбрана Патриот за 15 милијарди долари.

Американската Агенција за одбранбена соработка (ДСЦА) објави дека продажбата вклучува до 48 лансери Патриот ПАЦ-3, 644 проектили, како и радари.


Продажбата ќе ги подобри одбранбените способности на Полска во противракетната одбрана и ќе придонесе за целите на Полска да ги обнови своите способности и да ја зголеми интероперабилноста со САД и другите сојузници, соопшти ДСЦА.

Системот Патриот се покажа како многу ефикасен во Украина, заштитувајќи ја нејзината територија од руски воздушни напади, вклучувајќи тактички балистички ракети и хиперсонични ракети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK