Израелската армија рано утринава соопшти дека нејзин висок офицер загинал во судири на северната граница на Израел со Либан.
Беше наведено дека е убиен полковникот Алим Абдалах, но не беше прецизирано под кои околности.
Палестинските екстремисти од Исламскиот џихад се инфилтрираа од Либан во Израел, што предизвика израелско гранатирање на јужен Либан.
Либански Хезболах соопшти дека пет членови на проиранската организација биле убиени и возвратиле со истрелување ракети и минофрлачки проектили врз две израелски воени бази преку границата.