До крајот на конфликтот, Киев ќе изгуби најмалку половина од својата територија и шансата да влезе во ЕУ и НАТО.
По победата на Русија, Украина ќе загуби огромни територии, изјави американскиот политиколог Џон Меаршајмер во интервју за „Саут Чајна Морнинг пост“, пренесува „РИА Новости“.
„Она што ќе остане од Украина ќе бидат нефункционални остатоци кои нема да можат да спроведуваат големи воени операции против Русија и нема да ги исполнуваат критериумите за влез ниту во ЕУ, ниту во НАТО. Мислам дека тоа ќе биде крајниот резултат“, рече тој.
Според него, Украина ќе изгуби „неколку големи делови“, кои ќе бидат како половина од нејзината територија. Мерсхајмер предвиде дека конфликтот ќе продолжи уште две години.
Американскиот политиколог го повика Западот да се подготви за „непријатна“ руска победа.