И покрај тоа што ветија дека ќе ја поддржат Украина со милион парчиња муниција во рок од една година за да и помогнат да одговори на руската инвазија, производителите на оружје на ЕУ не се ни блиску до постигнување на таа цел до март.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја на парламентарна седница зад затворени врати соопшти дека Северна Кореја извршила најмалку 10 трансфери на оружје за Русија од август.
„Северна Кореја води воена економија што ние ја немаме“, рече Тревор Тејлор од Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии (RUSI) во Лондон. „Но, дали муницијата што тие ја испорачуваат е на ниво на доверливост и безбедност до кои би се придржувале Европејците, е друго прашање“, додаде тој.
Европската комисија испорача 223.800 артилериски гранати на Украина од 31 мај како дел од програмата за компензација за земјите кои се согласија да ги испратат своите резерви во Киев.
Како одговор на ситуацијата со набавката на муниција, Киев сака да произведе повеќе муниција на своја територија. Во септември, германскиот федерален суд даде зелено светло за заедничко вложување помеѓу Рајнметал и државната украинска одбранбена индустрија.
Една од причините зошто целта од еден милион проектили е толку недостижна е тоа што земјите од ЕУ – на инсистирање на комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, пред се Германија и Франција – не би се согласиле да вклучат муниција произведена надвор од ЕУ во испораката, пренесува медиумот.
Кога западните сили влегоа во војна, тие исто така водеа многу различни конфликти од она што сега се случува во Украина. Воената акција на Обединетото Кралство во Северна Ирска, француските интервенции во Западна Африка или инвазиите на Авганистан и Ирак поддржани од САД малку наликуваат на артилериската војна на Русија и Украина, заклучува Политико.