„Политико“: Идејата на Калас за експертска група за одбрана пропадна пред да се формира групата


depositphotos_663672358_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Плановите на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, за формирање експертска група за одбрана на ЕУ пропаднаа откако Италија и други земји истакнаа дека нејзиниот тим не се консултирал со владите на ЕУ и предупредија на ризикот од спор со НАТО околу тоа, изјавиле неколку дипломати на ЕУ пишува бриселски „Политико“.


Откажувањето на планираната експертска група два дена пред нејзиното претставување е нов удар за Калас, која веќе е „во војна за територија“ во однос на надворешната политика на ЕУ со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додека ЕУ е под растечка руска закана и се соочува со американско повлекување, пренесува медиумот.

Исто така, формирањето експертска група би значело конфликт меѓу Каја Калас и земјите од ЕУ.

Експертската група требаше да биде лансирана на состанок на високо ниво за кој поканите беа испратени неколку недели претходно. Сепак, неколку членки на ЕУ, особено Италија, посочија дека не добиле доволно информации за планираната експертска група или нејзиниот мандат, изјавиле дипломати од Брисел за „Политико“.

Минатата недела, на состанок во Ирска, Калас ги известила министрите за одбрана на ЕУ за планираното лансирање на групата, но тоа не се сметаше за доволно, особено затоа што некои земји испратија ниско рангирани функционери на состанокот.

„Немаше соодветна дискусија за тоа“ ниту на состаноците на министрите за одбрана ниту на надворешни работи, изјавил еден дипломат за бриселскиот портал.

Друг дипломат рекол дека италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето „ја водеше битката“ против иницијативата на Каја Калас и беше „навистина вознемирен“ што Роберта Пиноти, поранешната италијанска министерка за одбрана, беше избрана за групата без негово знаење.

Италијански функционер во изјава доставена до „Политико“ изјавил дека неколку министри директно ѝ изразиле „силна загриженост“ на Каја Калас за иницијативата „и поради методите и поради суштината“.

Неколку земји подготвија писмо со кое ја повикуваат високата претставничка на ЕУ за надворешна политика да го одложи лансирањето на групата и да достави план за разгледување, но писмото беше одбиено бидејќи состанокот беше откажан во неделата, според написите.

Отворено прашање е дека во групата нема претставници од неколку земји или од Комисијата, вели еден дипломат.

Службениците, исто така, укажуваат на ризикот од преклопување со постојната работа за политиката на ЕУ, вклучително и НАТО и безбедносната стратегија на ЕУ, која беше изготвена заеднички од Комисијата и Службата за надворешна политика на чело со Калас.

Еден дипломат рекол дека разговорите меѓу дипломатите на земјите-членки минатиот викенд покажале дека нема простор за иницијатива, а друг рекол дека групата дури и нема да постои. Исто така, се наведува дека извештајот на поранешниот шеф на НАТО, Андерс Фог Расмусен за иднината на одбранбената политика на ЕУ, кој требаше да го преведе групата, исто така беше одложен.

Настаните поврзани со формирањето на експертската група за одбрана откриваат подлабоки поделби околу тоа кој во Брисел одлучува за надворешната политика на ЕУ, анализира медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK