Политички земјотрес во Австрија! Нехмаер повеќе не е канцелар, Курц се враќа на голема врата

avstriski-kancelar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австрискиот канцелар Карл Нехамер (ÖVP) во саботата навечер објави прекин на преговорите за формирање влада со SPÖ, и како што пренесува „Кроне“, сега поднел оставка од функцијата федерален канцелар!


„Досега направивме сѐ што е можно. Договор за клучните точки не беше постигнат. Во такви услови нема смисла за позитивна иднина на Австрија“, изјави претходно Нехамер во врска со завршувањето на коалициските преговори.

Народната партија (ÖVP) денеска ќе објави план за понатамошни чекори, но според информациите на „Кроне“, оставката на Нехамер од канцеларот е дефинитивна одлука. Се очекува и негова оставка од позицијата лидер на ÖVP.

Тројца можни наследници, Себастијан Курц се враќа?

Во недела во 10 часот ќе се одржи седница на претседателството на партијата ÖVP. Каролина Едшедлер, Волфганг Хатмансдорфер и Себастијан Курц се меѓу потенцијалните наследници.

Се поверојатно е враќањето на младиот поранешен канцелар Курац. Како што дознава „Кроне“, најистакната противкандидатка е Каролина Едшадлер од Салцбург, која има силна поддршка во партијата, но важи и за блиска соработничка на Курц. Генералниот секретар на Стопанската комора на Хатмансдорфер исто така има шанса.

Неуспех на коалициските преговори

Нехамер се обидуваше да формира коалиција на неговата Австриска народна партија (ÖVP) со Социјалдемократите (SPÖ) и либералната партија Неос.

Преговорите за формирање нова тричлена влада во Австрија пропаднаа во петокот кога најмалиот од потенцијалните коалициски партнери ги прекина преговорите.

Како што беше претходно објавено, Неос во петокот ги напушти преговорите како трет коалициски партнер. Во саботата, преговорите продолжија исклучиво со SPÖ – но без успех.

Разговорите траат од октомври, кога австрискиот претседател му ја довери задачата за формирање нова влада на конзервативниот канцелар Карл Нехамер.

Одлуката беше донесена откако сите други партии одбија да соработуваат со лидерот на екстремно десничарската Партија на слободата (FPÖ), која победи на националните избори за првпат во септември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK