– Две лица загинаа, а уште 30 се ранети, од кои тројца се во критична состојба, во престрелка во американскиот град Балтимор, потврди полицискиот комесар во Балтимор Ричард Ворли на прес-конференција на местото на настанот.
Претходно, порталот „BNO News“ објави дека масовното пукање наводно се случило нешто по полноќ по локално време на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“. Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели.