Полицаец од Англија осуден на затворска казна, украл 115 фунти од паричникот на мртов човек

policaec-anglija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешен полициски службеник е осуден на 16 месеци затвор откако признал дека украл пари од маж кој починал откако му се слошило на улица.



Во септември 2022 година, Крег Картер (51) зел 115 фунти од паричникот на италијанскиот режисер и актер Клаудио Гаетани.

Картер, по смртта на Гаетани, требало да ги преземе неговите лични работи, а тој бил фатен на камера како брои пари во полициски автомобил. Тој во полициската евиденција напишал дека во паричникот на починатиот Италијанец има околу шест фунти и шест евра. Пријателот на Гаетани потоа се пожалил дека недостасуваат пари од паричникот.

Иако Картер првично негираше дека ги земал парите, тој се изјасни за виновен на суд во јули за недолично однесување на јавна функција. Тој беше суспендиран од должноста, а потоа и разрешен, по 23 години стаж.

„Господинот Гаетани беше во најранливата позиција во која може да биде секое човечко суштество – мртво и само. Вашиот злостор беше одвратен. Ја изневеривте целата своја заедница“, му рекол судијата за време на изрекувањето на пресудата, пишува Би-Би-Си.

„Фактот што Картер мислеше дека е слободен да краде од жртва која за жал почина не само што е вознемирувачки, туку и длабоко непочитување кон семејството на жртвата. Нашите мисли остануваат со нив во овој момент“, рече обвинителот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK