Војската на Израел објави дека ќе изврши еден од најголемите воздушни напади досега против Хамас во опколениот Појас Газа.
Израелските медиуми објавија и дека Израел погодил 1.000 цели во Газа, додавајќи дека армијата најавила дека ќе продолжи со воздушните напади врз Газа, дури и по цена да им наштети на израелските затвореници во енклавата.
On Saturday, Hamas brutally massacred over 700 Israelis.
The @IAFsite is conducting one of the largest air strikes ever against Hamas in Gaza to degrade and destroy their ability to terrorize the people of Israel.
Hamas launched a war. We will restore security to our country.
— Israel Defense Forces (@IDF) October 9, 2023
Тие вклучија воздушни напади кои израмнија голем дел од градот Беит Ханун во североисточниот агол.
„Почнавме. Израел ќе победи“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Израел го бомбардира Појасот Газа со воздушни напади, погодувајќи станбени згради, џамии, универзитет, болница и телекомуникациска компанија, јавува дописникот на Ал Џезира.
Израелските беспилотни летала продолжуваат да летаат над опколената крајбрежна енклава додека од урнатините на уништените згради се издигаат обливи чад, изјави Тарек Абу Азум.