Почнаа изборите за претседател на Иран, во изборната трка учествуваат четворица кандидати

вфв.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Иран денеска се одржуваат претседателски избори, распишани по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Граѓаните избираат еден од четворицата кандидати кои се лојални на врховниот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Изборите се совпаѓаат со ескалацијата на регионалните тензии поради војната меѓу Израел и проиранските милитантни групи Хамас во Појасот Газа и Хезболах во Либан, како и зголемениот притисок на Западот врз Техеран предизвикан од забрзаниот напредок на иранската нуклеарна програма, забележува Ројтерс.

Иако изборите не се очекува да донесат значителни промени во иранската политика, аналитичарите велат дека нивниот исход може да влијае на изборот на наследник на Хамнеи, 85-годишниот ирански врховен верски водач кој е на власт од 1989 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK