Почина најголемиот противник на Ердоган

2017-07-12T021127Z_3_LYNXMPED6B004-OUSTP_RTROPTP_3_NEWS-US-TURKEY-SECURITY-GULEN-USA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.


Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст.

Информации за неговата смрт пренесоа бројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации тој починал поради кардиоваскуларни проблеми.

Ѓулен живеел во САД повеќе од две децении. Тој често беше мета на турските власти пред се затоа што е осомничен дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.

После тоа, неговата организација ФЕТО беше прогласена за терористичка, а бројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Според турските власти, структурата на Ѓулен е обвинета за воспоставување „паралелна структура“ во рамките на владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK