Почина и третото девојче избодено со нож во нападот во Англија

Трагедија-во-Лондон-во-пожар-во-куќа-изгоре-петчлено-семејство.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деветгодишно девојче им подлегна на повредите здобиени во напад со нож во градот Саутемптон, Англија.



Таа е третата жртва на нападот, кој се случи за време на час по танц во мирниот англиски крајбрежен град во понеделникот околу пладне.

Локалната полиција потврди дека деветгодишно девојче е третата жртва на напад со нож во Саутемптон.

Според полицијата, девојчињата кои во понеделникот ги загубиле животите биле на шест и седум години.

Во нападот се повредени уште осум деца, од кои пет се во критична состојба. За живот се борат и двајца возрасни.

Нападот се случи во понеделникот околу пладне, кога напаѓачот со нож влегол на час по танцување и јога на кој присуствувале околу 25 деца на возраст од шест до 11 години.

Напаѓачот набрзо бил уапсен, а полицијата констатирала дека се работи за 17-годишен малолетник. Кај него е пронајден нож со кој е извршено кривичното дело.

Мотивот засега е непознат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK