По земјотресот во Турција утринава имало уште 30 земјотреси, нема жртви и повредени

5-14.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД) соопшти дека по земјотресот утринава во Турција се случиле уште 30 земјотреси со магнитуда од 1,2 до 3 степени, но дека во земјотресот нема жртви и повредени, јави денеска Анадолија.


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на источна Турција, со епицентар во близина на градот Малатија.

Гувернерот на тој град, Седар Јавуз, во изјава навел дека неколку згради се тешко оштетени, но дека нема жртви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK