Уште два смртни случаи беа потврдени во Тенеси како резултат на ураганот Хелена, со што бројот на загинати се искачи на 130 во шест американски сојузни држави.
Градоначалникот на Вашингтон ја потврди најновата вест, но и додаде дека во тој дел од земјата се уште се трага по 17 лица.
Според моментално достапните информации, најмногу жртви на ураганот има во Северна Каролина (56), потоа Јужна Каролина (30), потоа Џорџија (25), Флорида (11), Тенеси (6) и две лица во Вирџинија.
Поразителните бројки велат дека во Ешвил, Северна Каролина, дури 600 луѓе се водат за исчезнати.
Потрагата ја отежнува и тоа што градот е поплавен, а изгубен е и опсегот на мобилни телефони, но и струјата.
– Има уште многу луѓе до кои треба да дојдеме, така што тоа е приоритет. Но, ние сме, исто така, во ситуација кога немаме вода и струја во повеќето области, и ни требаат ресурси како што се вода за пиење и храна и други предмети за домаќинството и личните предмети што им требаат на луѓето“, рече градоначалникот на Ешвил, Естер Манхајмер.
Според извештаите, американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети тој град за да го види степенот на ужасот што го донесе ураганот со себе.