По шпекулациите за авионската несреќа, се огласи Казахстан: „Ниту една земја нема намера да крие информации“

944d6b50-b4c9-301b-bb61-51bbb544aea3_850.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Сенатот на Казахстан, Маулен Ашимбаев денеска изјави дека ниту една земја чии граѓани загинале во авионската несреќа над казахстанскиот град Актау нема намера да ги сокрие информациите.


„Ниту една од овие земји, ниту Азербејџан, Русија ниту Казахстан, не се заинтересирани да сокријат информации. Сите информации ќе бидат достапни на јавноста“, рече Ашимбаев.

 

Тој истакна дека причината за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс се уште не е позната, пренесува Ројтерс.

Азербејџански авион, кој летал од Баку за Грозни, се урна во средата наутро во близина на градот Актау во западен Казахстан, при што во несреќата загинале 38 лица.

Според првичните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот.

Во авионот имало вкупно пет членови на екипажот и 62 патници, меѓу кои 16 Руси, 37 државјани на Азербејџан, шест од Казахстан и тројца од Киргистан.

Прес-службата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека авионот го променил курсот поради лошите временски услови, а до несреќата дошло при слетување во Актау.

Алиев нагласи дека постојат различни верзии за тоа што се случило и повика да се чека да се заврши истрагата, а меѓу другото има информации дека авионот удрил во птици.

Откако беше објавена снимката од соборениот авион на која се гледаат дупки од шрапнели, се појавија шпекулации дека авионот можеби бил погоден од противвоздушен оган.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK