Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе разговара за помошта за Украина со францускиот претседател Емануел Макрон, бидејќи победата на Доналд Трамп може да доведе до намалување на американската помош за жртвите на руската агресија.
Неколку дена по реизборот на Доналд Трамп на функцијата американски претседател, Стармер патува за Франција, како прв британски премиер по Втората светска војна кој ќе присуствува на комеморацијата на 11 ноември, денот кога беше потпишано примирјето со кое заврши Првата светска војна во 1918 година.
Стармер и Макрон ќе разговараат за руската инвазија на Украина и хуманитарната ситуација во Газа, соопшти Даунинг стрит. Британската и француската влада сметаат дека е од клучно значење да продолжи да и дава помош на Украина во нејзината борба против Русија.
Од друга страна, новоизбраниот американски претседател вети дека ќе стави крај на војната во Украина, но не прецизираше како мисли да го постигне тоа.