По масовните протести, властите започнаа судски процес за предавство против 10 лица во Нигерија

3-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По минатомесечните протести низ Нигерија, на кои излегоа десетици илјади луѓе незадоволни од порастот на трошоците за живот, властите во земјата денеска обвинија 10 лица за предавство и заговор за бунт во армијата.


Протестите наидоа на смртоносен одговор од безбедносните сили, а според Амнести интернешенел, најмалку 13 лица загинаа, иако безбедносните сили претходно негираа употреба на смртоносна сила, објави Ројтерс.

„Десет мажи беа изведени пред Врховниот суд во Абуџа денеска каде што се изјаснија дека не се виновни, но доколку судот ги прогласи за виновни би можеле да се соочат со смртна казна“, рече адвокатот за човекови права.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK