По 30 години Кина ја укинува можноста странците да посвојуваат деца

18beaa78-8659-4602-b270-b81793560dd8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина повеќе нема да испраќа деца на посвојување во странство, соопшти владата, ставајќи крај на тридецениското правило вкоренето во некогашната строга кинеска политика за едно дете.



Повеќе од 160.000 кинески деца се посвоени од семејства ширум светот од 1992 година, кога Кина првпат ги отвори вратите за меѓународно посвојување.

Околу 82.000 од тие деца, претежно девојчиња, се посвоени во САД, според Кинеската организација за деца (CCI).

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг рече дека кинеската влада ја прилагодила својата политика за прекугранично посвојување за да биде „во согласност“ со меѓународните трендови.

„Изразуваме благодарност до странските влади и семејства кои сакаат да посвојат кинески деца за нивните добри намери и љубовта и добрината што ја покажаа“, додаде таа.

Сè уште не е јасно што ќе се случи со семејствата кои веќе се во процес на посвојување деца од Кина.

Промената доаѓа откако кинеските власти се обидуваат да ги охрабрат младите парови да се венчаат и да имаат деца, откако населението се намалува две последователни години.

Кина има една од најниските стапки на наталитет во светот и се обидува да ги охрабри младите жени да имаат деца. Многумина, сепак, се обесхрабрени од високите трошоци за згрижување деца, загриженоста за несигурноста на работата и изгледите за иднината, бидејќи растот на втората по големина светска економија забавува.

Кина спроведе ригорозна политика на едно дете од 1979 до 2015 година за да го намали своето население. Кога семејствата беа ограничени на само едно дете, многумина избраа да ги задржат машките деца, од кои традиционално се очекува да бидат главни старатели за нивните семејства, и да ги стават женските деца на посвојување.

Потегот на Кина да ги запре меѓународните посвојувања доаѓа откако Холандија им забрани на своите граѓани да посвојуваат деца од странски земји во мај. Во Данска луѓето повеќе нема да можат да посвојуваат деца од странство откако единствената агенција за посвојување објави дека се затвора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK