Полициски службеници на улица во Лазаревац го пронашле Ѓ. Б.(22) како кршел сообраќајни знаци, а потоа од знаци преминал со агресија на полицајци.
Полицијата во Лазаревац во соработка со ОЈТ во Лазаревац го уапсила Ѓ.Б. (22) и му одредиле мерка притвор до 48 часа, пишува Телеграф.рс. Тој бил обвинет и за напад на службено лице при вршење на службена должност.
Ѓ.Б. пијан кршел сообраќајни знаци на улицата, при што бил фатен од полициски службеници, по што го нападнал и со глава го удрил полицискиот службеник М.Ј. (36) во пределот на главата и лицето и со тоа го повредил.
Во Здравствен дом му биле констатирани полесни физички повреди.