Петта ноќ нереди во Франција, повеќе од 420 апсења

francija_567667565
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Петтата ноќ на нереди поради полициската бруталност во француските градови доведе до апсење на најмалку 427 лица во текот на ноќта, јави ДПА.

Париз, Марсеј и Лион беа меѓу најпогодените градови, со нереди, грабежи и оштетувања на имот.


Сепак, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска информира дека ноќта била помирна поради „решителната акција“ на полицијата.

Премиерката Елизабет Борн посочи дека 45 илјади полицајци, жандарми и пожарникари биле распоредени низ Франција.

-Соочени со насилство, тие покажуваат примерна храброст, напиша таа на Твитер.

Во петокот беа уапсени 1.311, а повредени 79 полицајци, соопшти вчера француското МВР.

Немирите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција, а исто така беа пријавени и на француски прекуморски територии, вклучително и Француска Гвајана во Јужна Америка и карипскиот остров Мартиник.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ја откажа својата државна посета на Германија планирана за следната недела со оглед на политичките нереди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK