Песков: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија

peskov4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија, додека Москва останува подготвена да ги продолжи преговорите врз основа на договорот од Истанбул од 2022 година.


Песков посочи дека е премногу рано да се зборува за распоредување мировни сили во Украина, што го пренесоа некои медиуми, пренесе РИА Новости.

„Знаете дека засега украинската страна одбива какви било преговори. Всушност, самиот претседател Володимир Зеленски ги забрани овие преговори со документи“, им рече Песков на новинарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK