Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот

1266217.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.


„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалација, и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.

Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон „мирен пат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK