Песков: Путин лично му даде азил на Асад

7-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.


Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков  во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.

Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.

Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK