Постои само техничко ниво на комуникација меѓу САД и Русија, а не вистински политички дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Како што знаете, постојат одредени канали на комуникација меѓу Вашингтон и Москва, и воени и дипломатски. Но, тоа се прилично технички контакти, без политички дијалог или дијалог на највисоко ниво што се одвива“, рече Песков, пренесе Тас.
„Њујорк тајмс“ претходно објави, повикувајќи се на извори, дека американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот лидер Владимир Путин наводно одржуваат индиректни безбедни канали за комуникација од февруари 2022 година, почетокот на рускиот напад врз Украина.