Песков го обвини Киев за „намерен акт на саботажа“ при делумното уништување на браната Каховка

peskov_687688
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ денеска го осуди „намерниот акт на саботажа“ од страна на Киев по делумното уништување на браната Каховка, во јужна украинска област Херсон, која делумно е под руска окупација, јави Бета.

-Тоа е недвосмислено намерен акт на саботажа од страна на Украина, што е планиран и извршен по наредба на Киев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека „остро“ ги отфрла обвинувањата на украинските власти, кои ја обвини Москва за уништувањето на браната.


Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за вечерашното делумно оштетување на браната, што доведе до поплавување на низводните области, како и можно загрозување на блиската нуклеарна централа Запорожје поради недостаток на вода за ладење.

-Целата одговорност е на режимот во Киев, рече Песков, додавајќи дека една од целите на таквата акција е да се прекине водата на Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година, пренесе Бета.

Браната Нова Каховка, изградена на реката Дњепар во 1950-тите и запленета од руските сили веднаш на почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, е клучна за снабдување со вода на анектираниот полуостров Крим.

Според Песков, овој чин на саботажа потенцијално може да има многу сериозни последици за десетици илјади жители во регионот Херсон, како и еколошки последици за таа област.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK