Перуанските лекари спасија деветгодишно момче кое голтнало осум игли: ги голтнал додека си играл

Перуанските-лекари-спасија-деветгодишно-момче-кое-голтнало-осум-игли-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лекарите во североисточниот дел на Перу му го спасиле животот на двегодишното момче кое проголтало осум медицински игли.


„Дури кога влеговме во операционата сала и му го отворивме стомакот, откривме метални предмети и сфативме дека се работи за игли“, изјави докторот Ефраин Салазар.

Локалните медиуми објавија дека станува збор за игли кои се користат за вакцинирање на животните на фармата каде што работи мајката на момчето.

Семејството живее во земјоделската област Таратопу, на околу 622 километри од главниот град Лима.

„Можеби ги голтнал додека си играл“, изјавила мајката.

Момчето по операцијата е надвор од животна опасност, јавуваат медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK