Перуанската влада прогласи еколошка катастрофа во крајбрежната област на северот на земјата, каде што минатиот викенд во Тихиот океан се излеа пратка сурова нафта од државната нафтена компанија.
Брод што маневрираше пред испуштање нафта предизвика излевање на терминалот на рафинеријата Талара во северниот дел на Перу во саботата.
„Петроперу“ не кажа колку сурова нафта се излеа во океанот, но Агенцијата за заштита на животната средина на Перу ОЕФА во првичниот извештај рече дека околу 10.000 квадратни метри водена површина се контаминирани, а Министерството за заштита на животната средина објави дека се зафатени најмалку седум плажи и локална фауна.
Локалните власти соопштија дека нафтата се излеала на крајбрежни растенија и животни, како што се раковите, кои се загрозени. Рибарите, пак, се пожалија дека не можат да работат поради инцидентот.
„Не можеме да одиме на риболов веќе шест дена“, изјави рибарот Мартин Пасос за локалното радио RPP.
„Она што се случи е хаос“, додава.