Двајца пензионери се приведени во Полска откако со караван се обиделе да прошверцуваат дрога вредна четири милиони злоти (околу 950.000 евра) од Шпанија во Полска.
Според соопштението на полската полиција, тие посетиле многу места на пат низ Европа, а во еден од шпанските градови, освен разгледување и сончање, купиле и речиси 60 килограми марихуана, која ја сокриле во камп приколка, пренесува агенцијата ПАП.
Во близина на Варшава, полицијата го запрела нивното возило и по темелно пребарување, во ѕидовите на приколката пронашла вреќи со марихуана.