Најмалку 225 Ирачани претрпеа топлотен удар откако екстремен топлотен бран го погоди Иран, при што температурите достигнаа 45 степени Целзиусови во некои делови од земјата и 49,7 степени во градот Делган.
Топлотниот бран ги принуди иранските власти да го намалат работното време денеска и да наредат сите владини и комерцијални институции да затворат утре, недела, откако повеќе од 200 луѓе беа примени во болниците поради топлотен удар, објави Гардијан.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека банките, канцелариите и јавните институции ширум земјата ќе бидат затворени во недела за да се заштити здравјето на луѓето и да се заштеди електрична енергија. Ќе работат само медицинските и итните служби.
Во главниот град на Иран, Техеран е забележана температура од 42 степени, а во 10 ирански провинции температурата денеска надмина 45 степени, додека во градот Делган на југоистокот од земјата е забележана рекордна температура од 49,7 степени. Метеоролозите за во понеделник најавија пад на температурата.
На глобално ниво, екстремните горештини предизвикуваат речиси 19.000 смртни случаи годишно, како и речиси 23 милиони повреди на работните места ширум светот.