Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска се согласи писмено да сведочи во случајот за наводна корупција и трговија со влијание против неговата сопруга Бегоња Гомез, откако во понеделникот беше објавено дека истражниот судија Хуан Карлос Пејнадо ќе оди во палатата Монклоа, официјалната резиденција на шпанскиот премиер, на 30 јули.
Во писмото упатено до судот во Мадрид, до кое агенцијата Ефе имала пристап, Санчез истакнува дека во понеделникот преку медиумите дознал за наредбата на судијата со која го повикал да сведочи.
Премиерот наведува дека е подготвен да „соработува со спроведувањето на правдата, секогаш во рамките на строго почитување на шпанскиот Устав и законот што не обврзува сите нас и тоа е максимална гаранција за нашето владеење на правото“.