Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска беше реизбран за премиер на земјата откако ја доби поддршката од мнозинството парламентарци.
Новиот мандат на Санчез на чело на шпанската влада го поддржале 179 пратеници, а 171 против, пренесува шпански „Паис“. Немаше воздржани.
Денешното гласање уследи по речиси дводневна дебата меѓу партиските лидери во парламентот, која се фокусираше на контроверзниот договор за амнестија на приврзаниците на каталонската независност, на кој Санчез се согласи во замена за поддршката да биде избран за премиер.