Патник во алкохолизирана состојба се обидел да ја преземе контролата над авионот на летот Лондон-Кос

1-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патник во алкохолизирана состојба се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот на компанијата „Изи џет“ на височина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот бил „неук“ и дека може подобро да пилотира, но екипажот и патниците успеале да го совладаат.


Авионот, кој полетал од лондонскиот аеродром Гетвик кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен, а инцидентот се случил во вторникот вечерта.

Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, а потоа добиле аплауз од преплашените патници, пишува весникот Сан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK