Авион на индиската авиокомпанија „Вистара ерлајнс“ со 247 патници принудно слета во турскиот град Ерзурум на истокот од земјата по анонимна дојава за бомба, јавува турската државна телевизија „ТРТ Хабер“.
Властите го евакуираа авионот и почнаа потрага по експлозиви, се вели во соопштението. Авионот летал за Франкфурт од Мумбаи, Индија.
#DiversionUpdate: Flight UK27 from Mumbai to Frankfurt (BOM-FRA) has been diverted to Turkey (Erzurum airport) due to security reasons and has landed safely at 1905 hours. Please stay tuned for further updates.
— Vistara (@airvistara) September 6, 2024
„Летот UK27 од Мумбај до Франкфурт (BOM-FRA) беше пренасочен кон Турција (Аеродром Ерзурум) поради безбедносни причини и безбедно слета во 19:05 часот“, напиша „Вистара ерлајнс“ на „Икс“.
„Воздушниот простор на Ерзурум е затворен за летови“, изјави гувернерот на „Ерзурум“, Мусрафа Чифтчи за државната новинска агенција „Анадолија“, додавајќи дека експертите за отстранување експлозив го пребаруваат авионот.