Парламентарни избори во Тајланд

tajland_izbori_#4543543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Денеска во Тајланд се одржуваат парламентарни избори, први од продемократските протести во 2020 година.







Околу 95.000 избирачки места се отворени во 08:00 часот по локално време, а во земјата со 52 милиони гласачи.

Аналитичарите предвидуваат висока излезност поради незадоволството на дел од населението од бавниот економски раст и немањето основни слободи.

Главната опозициска партија Пеу Таи (Pheu Thai) е предводена од ќерката на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, Паетонгтарн Шинаватра.

Партијата се надева дека ќе сврти нов лист по речиси една деценија доминација на војската и генералот Прајут Чан-О-Че, кој стана премиер со државен удар во 2014 година.

Сепак, сложениот изборен систем на Тајланд може да му даде водство на кандидат близок до војската, што може да ги придуши очекуваните промени и да отвори ново поглавје на нестабилност во земјата, пренесува Бета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK