Папата пристигна во Индонезија: првата станица од најдолгото патување во странство

Screenshot-2024-09-03-081912.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско денеска пристигна во Индонезија, на почетокот на патувањето во Југоисточна Азија и Океанија, што ќе биде негово најдолго патување во странство досега, кое ќе трае 12 дена.



Тој слета на аеродромот Сукарно-Хата во Џакарта, со чартер лет на италијанската авиокомпанија „ИТА Ервејс“ со неговата придружба и новинари, пренесува Ројтерс.

Папата Франциско (87) на ова патување, кое ќе опфати речиси 33.000 километри, планира во следните 10 дена да ги посети Источен Тимор, Сингапур и Папуа Нова Гвинеја.

Ројтерс претходно објави дека папата ќе посети четири островски земји од Југоисточна Азија со цел да поттикне глобална акција за климатските промени.

Врховниот поглавар на Католичката црква силно се залага за спроведување на Парискиот договор за климата од 2015 година, а неговите соработници велат дека ќе продолжи да повикува на соочување со опасностите од глобалното затоплување и поддршка на најранливите, наведува британската агенција.

Во земјите што папата планира да ги посети, овие опасности вклучуваат зголемување на нивото на морето и сè посилни и непредвидливи топлотни бранови и тајфуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK