Папата отпатува за Монголија

papa-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско вечерва отпатува во Монголија, доминантно будистичка земја со само 1.450 католици, за која Ватикан се надева дека може да биде посредник во подобрувањето на заладените односи со Кина.


Авионот на ИТА Ервејс со папата, неговата придружба и новинарите полетал од Рим околу 18:40 часот, а летот до Улан Батор, главниот град на Монголија ќе трае 9 часа и 30 минути.

Авионот ќе лета над Кина околу еден час пред да влезе во воздушниот простор на Монголија.

Папата ќе испрати порака од авионот до кинескиот претседател Кси Џинпинг, како што им испраќа на другите лидери секој пат кога лета над нивните земји.

Во пораките обично се повикуваат Божјите благослови за земјата и нејзиниот народ, но во случајот со Кина, тие се повнимателно изработени со оглед на комплицираните односи на Ватикан со Пекинг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK